ТЕСТИРАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ

Тестови
Секој предмет во Американската Гимназија Скопје се завршува со краен писмен тест. Оценувањето на учениците се заснова на општиот оценувачки систем во нашата земја и се усогласува со бодовниот систем во америчките средни училишта. Воннаставните предмети се оценети со описни pass (положи)/fail (падна) метод на оценување. Покрај оцените, на учениците им се дадени описни извештаи за нивниот севкупен академски успех, нивните лични и групни постигнувања и вклученоста во планирани активности, како и нивното однесување во училиштето.

Перегрин Тестирање
АГС е партнер на Peregrine Global Testing Services, кои извршуваат екстерни тестирања на крајот од 4та година (12то одделение). Ова значи дека резултатите на нашите ученици се споредени со резултатите од истите тестови решени од страна на други средношколци од средните училишта во Соединетите Американски Држави и други држави од целиот свет, односно од држави што исто така ги применуваат методите на Перегрин тестирањето. Оваа процедура му овозможува на училиштето да ја анализира и преиспита наставната програма, наставните методи, достигнувањата, успесите, како и силните и слабите страни на образованието што го нуди. Со извештаите од Перегрин тестирањето, се идентификуваат областите во кои се истакнуваме, како и областите на кои им е потребно подобрување, со што може да обезбедиме континуирано напредување на нашата училишна програма и да обезбедиме успех на секоја следна генерација наши ученици како граѓани на светот.

IB Тестирање
Како дел од програмата за Меѓународна матура – Диплома Програма (IB Diploma Program), учениците се тестираат уште пред да почне програмата. Оние што ќе се одлучат за ИБ ДП избираат шест предмети, а на крајот од четврта година имаат и екстерни ИБ тестови. Исто така, ова тестирање е задолжително за учениците кои се префрлени од други училишта и би сакале да ја започнат ИБ програмата.

Матура
Учениците кои ќе одлучат да продолжат со стандардно образование на крај од своето средно образование ќе се подготвуваат за Државната испитна матура.

Диплома
На крај од секоја учебна година, учениците добиваат стандардна македонска диплома со еквивалентно (нумеричко) оценување, како и наша АГС диплома и останати потврди. Учениците кои ќе го завршат своето средно образование во Американската Гимназија Скопје добиваат диплома од Државна Матура или ИБ диплома, заедно со АГС диплома за завршено средно училиште.

Освоени поени Оценка Просечна оценка (GPA) Еквивалентна оценка Опис
97-100 А+ 4.00 5 Одличен
93-96 А 4.00 5 Одличен
90-92 А- 3.67 5 Одличен
87-89 B+ 3.33 4 Многу Добар
83-86 B 3.00 4 Многу Добар
80-82 B- 2.67 4 Многу Добар
77-79 C+ 2.33 3 Добар
73-76 C 2.00 3 Добар
70-72 C- 1.67 3 Добар
67-69 D+ 1.33 2 Доволен
63-66 D 1.00 2 Доволен
60-62 D- 0.67 2 Доволен
0-59 F 0.00 1 Недоволен