ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Би сакале да ви посакаме топло добредојде во Американската Гимназија Скопје.

Дозволете ни да ви ја раскажеме нашата приказна и што не води до успех. Нашето училиште го засноваме на концепт на учење насочен кон студентот, чиј главен фокус е да ги подготви студентите да стекнат знаења и да ги унапредат способностите и вештините неопходни за понатамошно образование во високообразовните институции.

Ова се постигнува со обука на младите луѓе за работа и живот во современото глобално општество. Користејќи современа образовна технологија и современи наставни методи, техники и алатки кои овозможуваат развој на индивидуалните физички и интелектуални способности, студентите се учат на критичко размислување, анализа и синтеза, притоа инспирирани да ги развијат нивните хуманистички, морални и етички вредности.

Со цел да се постигне успешна интеграција на студентите во денешното глобално општество, ние ги поддржуваме студентите да стекнат вешто познавање на најмалку два светски јазици. Имаме намера да ја поттикнеме креативноста, иновативноста и подготовката за живот и работа во духот на мирот и толеранцијата, почитувањето и разбирањето на разликите, како и развивање позитивен став кон работата, науката, уметноста, културата, спортот, здравјето и другите вредности.

Дознајте повеќе за Американската гимназија Скопје со преземање на нашата брошура ТУКА.