ВЕРИФИКАЦИЈА/АКРЕДИТАЦИЈА

При изборот на средно училиште, од суштинско значење е да се погрижите добиената диплома да е проверена, акредитирана и доверлива. Тука можете да најдете информации за меѓународната акредитација на Американската гимназија Скопје, како и за резолуцијата за верификација од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

 

 

 

 

 

 

Министерство за образование и наука

Американското средно училиште Скопје ја доби својата примарна акредитација и верификација од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Тоа значи дека нашите програми и наставни планови се изработени според националните образовни упатства за средно образование и важат во сите релевантни институции. Државната диплома што ја добиваат нашите студенти по завршувањето на средното образование е прифатена во сите државни институции и организации, како и во сите високообразовни органи.

 

ACS WASC

Американската Гимназија Скопје доби акредитација од Accrediting Commission for Schools Western Association of Schools and Colleges (ACS WASC). Оваа акредитација е потврда за високиот квалитет на наставниот и образовниот кадар, како и за нивната посветеност за врвно учење и создавање поволна средина за учење и развој за сите ученици, преку континуиран процес на усовршување. Тоа значи дека нашето училиште, особено во однос на наставните програми, стратегијата на наставата, поддршката од учениците, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, академскиот напредок и создавањето безбедна средина, е оценето и препознаено како училиште со високи стандарди, и училиште кое е во согласност со светските високообразовни стандарди. Врз основа на оваа акредитација, нашите студенти имаат вистинска конкурентска предност кога аплицираат за универзитети во странство (acswasc.org).

 

Програмата за Меѓународна Матура – ИБ ДП

Американската гимназија Скопје е акредитирана за Програмата за Меѓународна Матура – ИБ ДП, нудејќи им на учениците можност да стекнат вистинска предност со добивање меѓународна диплома. Студиската програма спроведена според оваа акредитација овозможува поголем опсег на знаења и вештини, и има поинтензивен пристап во наставата. Предностите што ги нуди ИБ ДП се неспоредливи, подигнувајќи го нивото на знаењето на учениците со она на нивните врсници ширум светот и давајќи им единствена можност да се споредат со други средношколци (www.ibo.org).