ПОМОШ НА УЧЕНИЦИ

Американската Гимназија Скопје е отворена за разновидноста кај учениците и фактот дека секој ученик учи со свое темпо и на свој начин. Сепак, постојат одредени неопходни образовни барања што треба да се остварат во согласност со наставната програма и севкупните очекувања на средношколците.

Со цел да му се помогне на секој ученик да го достигне својот максимален потенцијал, АГС обезбедува дополнителна образовна поддршка. Знаеме дека учениците лесно може да заостанат поради болести, патувања или подолго оправдано отсуство од часови, а покрај тоа, знаеме дека и без тоа, на некои ученици едноставно им е потребна помош. Во вакви случаи, училиштето организира дополнителни часови со цел да им помогне на учениците да си ги извршат своите задачи и да ги стекнат потребните вештини и знаења.

Дополнителните часови се организираат така што ги поврзуваме учениците со соодветни професори и тутори. Тие им посветуваат подолго време и посилни напори со цел да им помогнат во совладувањето на материјалот. Динамиката и организацијата на дополнителните часови и туторството се утврдуваат врз основа на достапноста и на учениците, и на туторите.

Со цел туторството да се изведе онака како што е планирано и очекувано, учениците кои ќе побараат поддршка се обврзани да претстават вистинска и валидна причина, како и доказ за потребата од дополнителни часови.