ИБ ДП ОТВОРЕН ПОВИК


Врз основа на член 56, а во врска со член 27 од Статутот на Приватното средно училиште Американска гимназија Скопје Управниот одбор на ПСУ Американска гимназија Скопје го распишува следниот

Конкурс
за запишување ученици на IB – DP програмата (Меѓународна матура)
во учебната 2023/2024 година во Американската гимназија Скопје
-прв уписен рок-

Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“ – Скопје (American High School Skopje) го објавува Конкурсот за упис на ученици на IB – DP програмата (Меѓународна матура) во учебната 2023/2024 година во Американската гимназија Скопје, со настава што се изведува на англиски јазик, и тоа за 10 ученици во трета година средно образование.

 

УСЛОВИ:

За да стекнат статус на редовен ученик на IB – DP програмата (Меѓународна матура) во ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје, кандидатите треба да ги исполнат следните услови:

  • да имаат завршено втора година гимназиско образование;
  • да имаат одличен успех во прва и втора година средно образование;
  • да имаат примерно поведение;
  • да имаат одлично познавање на англискиот јазик.

Крајниот рок за пријавување во првиот уписен рок на овој конкурс е 30.6.2023 година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  • Пополнета пријаваза упис на IB – DP програмата (достапна во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“)
  • свидетелства од прва и втора година гимназиско образование (оригинал)
  • извод од матична книга на родени (оригинал, без оглед на датумот на издавање)
  • една мала фотографија (5cm x 7cm)
  • дозвола за престој – само за странски државјани

 

Документите се доставуваат во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје на адреса бул. Трета македонска бригада бр. 60, Скопје 1000, (зградата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје).

За подетални информации поврзани со Конкурсот, Ве молиме контактирајте го академскиот координатор на IB – DP, Оливија Георгиевска, на olivija.g@uacs.edu.mk или училиштето.

Американска гимназија Скопје
Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје
+389 2 2469 993
info@ahss.edu.mk