УЧЕНИЦИ ЗА АГС

НИКОЛА:

„Дојдов во АГС бидејќи многу ми се допадна концептот на учење во училиштето! Се вљубив во атмосферата од моментот кога стапнав во училиште. Исто така ми се допаднаа вработените и професорите. Ми се допадна тоа што сите имаа големо искуство во нивните области и одлично ми се претставија. Исто така, ми се допадна и тоа што некои од професорите беа од различни земји.”

НАТАЛИЈА:

„Професорите се многу посветени да ги научат учениците и нивниот пријателски однос мотивира сe повеќе да учиме.”

АЛЕКСАНДРА:

„Многу ми се допадна програмата што ја нуди училиштето и тоа што наставата се одвива на англиски јазик. Исто така, многу ми се допадна убавата и пријателска атмосфера во училиштето.”

МАРИЈА:

„Со оглед на тоа што не сум од Скопје и што не бев запознаена со средината, јас би им се заблагодарила на моите другари од АГС кои ми помогнаа да се вклопам, ми помагаа како да стигнам од интернат до училиште со автобус, и заедно со мене го истражуваа Скопје. Тие ми покажаа преубави места и ме однесоа во многу ресторани, продавници, молови, и сум многу среќна што ги запознав. Без нив, ќе ми беше многу тешко. Не можам да искажам колку сум среќна за секој нов пријател кој го имам запознаено благодарение на АГС.”

САРА:

„Мислам дека пријателствата што ги имаме направено се најважното нешто што ме поврзува со моите соученици. Сметам дека кога станува збор за училиште и учење, ние многу се поддржуваме и несебично сакаме да си помогнеме. Мислам дека нашата добра природа е она што не поврзува сите заедно како група.”

ВЕРОНИКА:

„Мали совети за учење: најважно е да се учи постојано, но ако случајно треба да учите ноќта пред тест, оставете го телефонот подалеку, некаде кај што не може да го дофатите. Земете си вода со себе и прочитајте го материјалот – најверојатно ќе запаметите нешто. И не заборавајте дека дури и да не научите во моментот, не е крај на светот, но сепак, ако сега го научите како што треба, нема да треба да се мачите повторно.”