РОДИТЕЛИ ЗА АГС

ЈОВАН:

„Го одбрав ова училиште за мојата ќерка бидејќи бев импресиониран од нивниот образовен пристап и отвореноста за онлајн начини на учење. Мојата ќерка обожава да оди на училиште и многу го има проширено своето знаење откако почна да оди во АГС. Силно го препорачувам на секој што сака да се стекне со одлично знаење.”

ВИОЛЕТА:

„Одлучивме да ги префрлиме нашите деца во АГС бидејќи ни се допадна тоа што атмосферата е опуштена, но сепак мотивирачка. Имаше и други приватни училишта, но ние го избравме АГС поради индивидуалниот пристап, и сме многу задоволни.”

МАРТА:

„Мојот син беше во државно средно училиште, но сакавме поголем предизвик. Ја одбравме Американската Гимназија Скопје бидејќи часовите се на англиски јазик и бидејќи децата тука навистина учат. Исто така, професорите ги ценат и ги почитуваат карактерите на учениците и ги стимулираат нивните уникатни карактеристики.”

БРАНКО:

„Го одбравме ова училиште поради интернационалните можности. Мојот син има натпреварувачки дух, и тука тој може да го добие вистинскиот стимул да учи повеќе. Исто така, со неговото знаење и акредитирана диплома, тој може да аплицира за стипендии на универзитети надвор од рамките на државата.”

БИЛЈАНА:

„Мојата ќерка започна со средно во државно училиште, но таму имаше тешкотии со учењето. Таа е паметна и сака да учи, но некако не се пронајде во таа средина. Исто така, и беше тешко да создаде другарства и беше малтретирана. Одлучивме да ја префрлиме тука бидејќи е поблиску до дома и бидејќи нуди поголема посветеност од страна на професорите. Многу брзо приметивме голема промена кај неа. Почна да чита повеќе, да учи повеќе и едноставно, сака да оди на училиште. Нејзините оцени почнаа да се подобруваат и се запозна со нови пријатели. Тука беше прифатена од страна на нејзините соученици и професори, кои и ја подигнаа самодовербата. Таа созрева и презадоволна сум што го одбрав ова училиште.”