ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ

Американската Гимназија Скопје се фокусира на личните потреби и барања на своите ученици. Имајќи ги предвид разликите во академските нивоа, и истовремено грижејќи се за растечкиот интерес за знаење кај младите луѓе, гимназијата е посветена на тоа да обезбеди напредни образовни содржини за натпросечни ученици.

Училиштето организира напредни часови за одличните ученици кои постојано сакаат да се надоградат и да го зајакнат своето знаење. Целта на овие часови е на учениците да им се обезбеди подетално и подлабоко знаење, како и да добијат вештини и информации кои се поврзани со општата наставна програма за средно образование.

На учениците кои се истакнале во текот на училишната година и покажале посебен интерес и талент во одредени области, им се понудени напредни часови. Ако учениците се заинтересирани и ако нивните родители се согласат, тие почнуваат со модифициран наставен план, во кои часовите имаат за цел да ги подготват за повисоко ниво на образование и одредени теми од наставната програмата се предаваат на напредно ниво.

По завршување на напредните часови, талентираните ученици ќе бидат насочени да полагаат напредни тестови, чии резултати факултетите ќе ги признаат како факултетски кредити, ако материјалот се учел на напредно ниво, со што добиваат конкурентна предност во универзитетски контекст.