Сара Ѓоргиевска

Сара Ѓоргиевска е дипломиран физичар на насоката применета физика, при Природно-математичкиот Факултет во Скопје, каде има искуство и како демонстратор. Активно е вклучена во активностите на Друштвото на физичари на Македонија (ДФРМ), како конференции и натпревари. Научните истражувања во кои работи Сара се од областа на нуклеарната физика, за што објавила повеќе трудови во различни научни списанија. Нејзината цел е да го поттикне критичкото размислување кај учениците и да им овозможи примена на научната логика врз реални проблеми. Како професор, верува во интеграцијата на лабораториски вежби и предавања како неопходна за изучување на физиката, како и важна алатка за подобро разбирање на апстрактни физички теории. Освен нејзиниот мајчин јазик – македонски, Сара течно ги зборува англискиот и шпанскиот јазик.