Филип Петковски

Д-р Филип Петковски предава два од главните предмети во ИБ ДП програмата како Теорија на знаење, Креативност, активност и волонтирање, како и предметите Светска уметност 1 и 2. Филип ги завршува своите докторски студии по културолошки и изведбени науки на Катедрата за светска уметност, култура и танц при УКЛА каде што има работено како асистент. Тој е автор на голем број академски трудови во кои истражува теми поврзани со изведба, идентитет и национализам. Некои од неговите најценети образовни цели се деколонизација на академијата, примена на личните искуства на учениците во образовниот процес, советување на учениците да размислуваат критички за темите кои ги истражуваат и да употребуваат нестандардни методи во нивното истражување и пишување.