Кристиана Шијакова

Кристиана Шијакова е молекуларен биолог со искуство во областа на научни истражувања, работно искуство во клиничката дијагностика и со огромна желба да ги едуцира младите бистри умови за чудата на биолошките науки со комбинирање на теоријата, практиката и искуствата од терен. Како наставник по биологија, нејзината главна цел е да им ја приближи науката на едно лично ниво, при што учениците нема само пасивно да ја научат како апстрактна теорија на природата, туку исто така ќе почувстуваат и ќе запомнат дека самите се дел од таа природа и ќе се стекнат со потребните вештини за секојдневно правилно и здраво живеење и лична заштита, истовремено поттикнувајќи ја нивната креативност, индивидуалност и критичко размислување.