КОНКУРС за запишување ученици во учебната 2024/2025 година во Американската гимназија Скопје

Врз основа на член 27 од Статутот на Приватното средно училиште Американска гимназија Скопје и согласно Одлуката донесена на втората седница на Управниот одбор на ПСУ Американска гимназија Скопје, одржана на 8.2.2024 година, се распишува следниот

 

КОНКУРС
за запишување ученици во учебната 2024/2025 година
во Американската гимназија Скопје

Конкурс за запишување PDF (МАК)

 

 

Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“ – Скопје (American High School Skopje) го објавува Конкурсот за запишување ученици во учебната 2024/2025 година, со настава што се изведува на англиски јазик, и тоа за 50 ученици во прва година гимназиско образование.

За учениците од втора, трета и четврта година од други средни училишта, кои сакаат да го продолжат  своето образование во ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје, уписот ќе се врши врз основа на бројот на слободни места. Предност при уписот во училиштето за учениците кои ќе запишуваат погорна година, ќе имаат постоечките ученици од ПСУ „Американска гимназија Скопје“- Скопје.

Доколку се пријават повеќе ученици од бројот предвиден во објавениот конкурс, по претходно мислење на училиштето, се применуваат дополнителни критериуми за упис. Како дополнителни критериуми се утврдуваат: дипломи од меѓународни и републички натпревари и испит на знаења.

Гимназијата може, врз основа на претходна одлука на основачот, да го зголеми бројот на ученици кои ќе се запишат во Гимназијата во учебната 2024/2025 година.

 

I. УСЛОВИ:

За да стекнат статус на редовен ученик во прва година гимназиско образование во ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје, кандидатите треба да ги исполнат следните услови:

  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да имаат соодветно познавање на англиски јазик* (што се утврдува преку дипломи од завршени курсеви по англиски јазик, резултати од официјални положени тестови за познавање англиски јазик или врз основа на претходно образование).

*Во случај кандидатот да нема доказ за соодветно познавање на англискиот јазик, ќе биде спроведено интерно тестирање од страна на училиштето.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  • Пополнета пријаваза упис (достапна во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“)
  • свидетелства од шесто до деветто одделение
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање)
  • една мала фотографија (5cm x 7cm)
  • дозвола за престој – само за странски државјани

 

За рангирање и прием на кандидатите ќе одлучува Конкурсна комисија. Сите кандидати при аплицирање, односно при доставување на потребната документација за упис, ќе бидат интервјуирани од страна на соодветна комисија.

Учениците имаат право да се пријават и со дел од потребната документација за упис,  со тоа што истата задолжително треба да ја комплетираат најдоцна до завршување на уписните рокови од точка III.

 

III. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши во следниве уписни рокови:

  • Прв уписен рок до 28.06.2024 година
  • Втор уписен рок од 01.07.2024 година до 19.07.2024 година
  • Трет уписен рок од 22.07.2024 година до 29.08.2024 година

 

Ако на конкурсот во првиот уписен рок останат непополнети места, се врши запишување во втор и трет уписен рок.

 

Документите се доставуваат во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје на адреса бул. Трета македонска бригада бр. 60, Скопје 1000, лично од страна на кандидатот, во присуство на родител/старател.

 

За подетални информации поврзани со конкурсот, Ве молиме контактирајте го училиштето.

 

Американска гимназија Скопје
Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје
+389 2 2469 993
+ 389 78 455134
info@ahss.edu.mk