Сергеј Дамовски

Сергеј Дамовски е уметник и професор, дипломиран на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, 1991 г. Има одржано повеќе самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби и колонии. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои најзначајните се: награда за најдобар портрет 2004 – ДЛУМ и награда за вајарство „Јордан Грабул“ 2013 г. Од 2013 до 2015 г. бил Претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).  Сака да пешачи низ неистражените предели и планини во Северна Македонија.

.