Петар Данески

Петар Данески е дипломиран психолог, со претходно работно искуство како професор по психологија во средно училиште, образовен асистент и како психолог на Клиниката за онкологија во Скопје и Клиниката за неврологија во Скопје, искуства што му помогнале да изгради сигурна основа за разбирање на комплексноста на човековото однесување и психичките процеси. Покрај академските квалификации, тој исто така e психодрама психотерапевт под супервизија, што му овозможува да користи креативни терапевтски техники за потпомагање на личниот раст и емоционалната добросостојба нa учениците. Како училишен психолог,  посветен e кон поддржување на негувачката и инклузивна средина каде секој ученик се чувствува вреден, разбран и има моќ да го постигне својот потенцијал. Неговата мисија како посветен училишен психолог е да го негува поддржувачкото и инклузивно училишно опкружување каде учениците ќе можат да напредуваат академски, емоционално и социјално. Воден од страста кон психологијата и посветеноста кон добросостојбата на младите умови, целта му е да допринесе кон холистички развој на сите ученици.