Наташа Ставревска

Наташа Ставревска е магистерка по хемиски науки и образование и има тринаесет годишно искуство во предавање. Таа е активна истражувачка во полето на нејзината експертиза преку спроведување на истражувања и објавување научни текстови во светски значајни научни списанија. Таа е амбициозна, прилагодлива, со позитивен став, и со способност да ги води и мотивира останатите – особености кои би сакала да им ги пренесе и  на учениците преку нејзината љубов кон науката. Сака да патува, да слуша музика и да вежба фитнес.