Надежда Поп Костова

Надежда Поп-Костова е професорка по бизнис и претприемништво. Таа има BBA и MBA на ФДЕИОН на УАКС. Има долгогодишно професионално искуство во индустријата за бизнис консалтинг како консултант за менаџмент. Во текот на минатите десет години таа е дел од бројни работилници, конференции и летни школи на тема претприемништво, и има добиено повеќе значајни признанија за својот придонес. Нејзините истражувачки интереси се движат во областите на претприемништво, стратешки менаџмент и бизнис, и таа е и автор на неколку трудови на овие теми. Таа исто така го води и AHSS Idea Club – воншколска активност за учениците заинтересирани за развој на претприемнички и иновативни идеи.