Милош Андоновски

Милош Андоновски предава Македонски јазик и литература и Говорење и пишување.

Дипломирал Општа и компративна книжевност (2012), Театарска режија (2015) и е магистар по Културолошки студии (2014). Како Чивнинг стипендист, во 2021.година магистрира Театарска уметност на Универзитетот во Кент, Англија. Андоновски верува дека образовниот процес е повеќенасочен процес во кој секој учи од секого. Како наставник, се стреми да развие динамична и интерактивна училница, во која процесот на учење го управуваат учениците. Неговиот фокус како наставник е насочен кон критичкото размислување, зголемување на пипсменоста и развивање на емпатијата кај учениците.

Дел од претставите на кои работел се Физика на тагата (2018), Хамлет (2018), Семејни приказни (2019), Иднината е приватна (2020) и др. Објавил и неколку кратки раскази: Време за себе (2016), Дуќан за души (2016) и Конче (2017). Моментално, Андоновски е автор и приредувач на првиот Прирачник по Драмска уметност за наставници во РСМ.