Маја Трајковска

Маја Трајковска е професорка по англиски јазик. Има завршено англиски јазик и книжевност со две сертификацирани дипломи како професор и преведувач. Покрај долгогодишното искуство како професор, таа се занимава и со различни типови превод: книжевен, телевизиски, судски, стручен… Маја активно или пасивно познава и други европски јазици, како италијански, шпански, француски, германски. Со учениците работи на усовршување на нивните јазични вештини, притоа поттикнувајќи ја нивната креативност, индивидуалност и критичко размислување. Исто така, како професор се труди да ги научи учениците како да читаат литература, односно како да го толкуваат пишаниот збор. Во слободно време сака да поминува време со семејството и пријателите или да патува.