Елизабета Поповска

Елизабета Поповска е професорка по физика со повеќегодишно искуство во гимназија. Сака да го развива креативното мислење кај учениците  преку развивање на љубопитноста и интересот кон природните науки. Во последните петнаесет години е вклучена во меѓународни проекти на културно-образовна размена со училишта од повеќе европски земји. Во слободно време сака да пешачи во природа, да чита книги и да се дружи со пријатели, но, најмногу сака да патува и да запознава нови култури, места и луѓе.