Даниела Сандева

Даниела Сандева е дипломиран електротехнички инженер со повеќе од дваесет години искуство во стручното образование. Има интерес за истражување во областите на програмирање и програмските јазици, алатки за развој на софтвер и 3Д моделирање. Таа е менторка на ученици кои имаат освоено награди на европско и државно ниво, што е потврда за нејзиниот посветен и аналитички пристап кон учењето. Во слободно време сака да чита и да го надградува своето знаење.