Венера Крлиу

Проф. д-р Венера Крлиу е директорка на Американската Гимназија Скопје и професор по менаџмент. Исто така, таа е и проректор за настава на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Има завршено докторски студии на Универзитетот „Еуро- Балкан“ во Скопје, постдипломски студии по менаџмент на УАКС, додипломски студии по меѓународни односи – студии за бегалци и додипломски студии по психологија од универзитетот Вебстер во Женева, Швајцарија. Таа е добитник на наградата „Мајка Тереза“ за 2017 г. за исклучителни постигнувања од државен интерес во областа на хуманоста и солидарноста и добитник на наградата од Business Elite „40 под 40”, признание за нејзината работа и придонес низ годините како професор, истражувач и филантроп.