Анета Симовска

Анета Симовска е долгогодишна професорка по италијански и по македонски јазик. По неколку години предавање на Универзитетот во Неапол, Италија, таа се враќа и почнува да работи на УАКС. Во моментот задоволство и е да работи со учениците во АГС и ги реализира часовите со многу посветеност. Покрај книжевните преводи, како Секретар на Институтот Данте Алигиери, вклучена е во проекти од образованието и културата. Во слободното време сака да спортува и да патува. Ужива во подготвување италијанска храна и во читање книги.