Конкурс за упис во академската 2024/25 година ИБ ДП

Врз основа на член 56, а во врска со член 27 од Статутот на Приватното средно училиште Американска гимназија Скопје Управниот одбор на ПСУ Американска гимназија Скопје го распишува следниот

 

Конкурс
за запишување ученици на IB – DP програмата (Меѓународна матура)
во учебната 2024/2025 година во Американската гимназија Скопје

 

Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“ – Скопје (American High School Skopje) го објавува Конкурсот за упис на ученици на IB – DP програмата (Меѓународна матура) во учебната 2024/2025 година во Американската гимназија Скопје, со настава што се изведува на англиски јазик, и тоа за 10 ученици во трета година средно образование.

 

1. УСЛОВИ:

За да стекнат статус на редовен ученик на IB – DP програмата (Меѓународна матура) во ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје, кандидатите треба да ги исполнат следните услови:

  • да имаат завршено втора година гимназиско образование;
  • да имаат многу добар или одличен успех во прва и втора година средно образование;
  • да имаат примерно поведение;
  • да имаат одлично познавање на англискиот јазик.

 

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  • Пополнета пријаваза упис на IB – DP програмата (достапна во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“)
  • свидетелства од прва и втора година гимназиско образование (оригинал)
  • извод од матична книга на родени (оригинал, без оглед на датумот на издавање)
  • една мала фотографија (5cm x 7cm)
  • дозвола за престој – само за странски државјани

 

За рангирање и прием на кандидатите ќе одлучува Конкурсна комисија.

Сите кандидати при аплицирање, односно при доставување на потребната документација за упис, ќе бидат интервјуирани од страна на одговорно лице.

Учениците имаат право да се пријават и со дел од потребната документација за упис,  со тоа што истата задолжително треба да ја комплетираат најдоцна до завршување на уписните рокови.

 

3. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши во следниве уписни рокови:

  • Прв уписен рок до 28.06.2024 година
  • Втор уписен рок од 01.07.2024 година до 08.2024 година

 

Ако на конкурсот во првиот уписен рок останат непополнети места, се врши запишување во втор уписен рок.

Документите се доставуваат во просториите на ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје на адреса бул. Трета македонска бригада бр. 60, Скопје 1000, (зградата на Универзитет Американ Колеџ Скопје).

За подетални информации поврзани со Конкурсот, Ве молиме контактирајте го академскиот координатор на IB – DP, Оливија Георгиевска, на olivija.g@uacs.edu.mk или Гимназијата.

 

Американска гимназија Скопје
Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје
+389 2 2469 993
info@ahss.edu.mk