Конкурс за стипендија 2024/2025

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 1 (ЕДНА) СТИПЕНДИЈА 2024/2025
АМЕРИКАНСКА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ

 

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 15.04.2024

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Американската Гимназија Скопје (АГС) ќе додели 1 (една) стипендија за талентиран ученик за упис во прва година гимназиско образование во учебната 2024/2025 година. Стипендијата ја покрива школарината за сите четири училишни години гимназиско образование.

Повикот е отворен за сите ученици од 9-то одделение од сите основни училишта во Република Северна Македонија.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши преку бодување и рангирање според долунаведените критериуми.

Стипендистот ќе добие и поддршка за активно учество во локални, регионални и меѓународни натпревари, соработки и настани. Со ова ќе му се отворат можности за самоусовршување и академски напредок, како и претставување на мисијата и визијата на училиштето, но и на својата држава (на меѓународни проекти и натпревари).

Ученикот кој ќе ја добие стипендијата, покрај другите услови, ќе треба да постигнува висок континуиран успех во текот на сите  училишни години, а на крајот на секоја училишна година просекот да не биде помал од 4.00 GPA, односно 5.00. Во случај ученикот да не го задржи просекот, стипендијата престанува да важи и средствата по основ на доделената стипендија ќе треба да бидат вратени во целост на гимназијата.

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

  • Пополнета апликација (електронска, достапна на овој линк)
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци (достапна на овој линк)
  • Копии од свидетелства од 6то до 8мо одделение
  • Копии од државни и меѓународни награди од натпревари
  • Доказ за остварени приходи за двајцата родители/старатели за 2022/2023

 

Документите се праќаат електронски на info@ahss.edu.mk или по пошта на адреса: Американска гимназија Скопје, бул. Трета Македонска Бригада бр. 60, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за стипендии 2024/2025.

 

Пријавувањето на конкурсот трае до 15.4.2024 година.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

 

Рангирањето на кандидатите ќе се врши согласно табелата подолу:

 

Среден успех од 6то до 8мо одделение Макс. 20%
Награди од државни и меѓународни натпревари Макс. 10%
Социоекономски прилики на семејството Макс. 10%
Успех од тестирање Макс. 40%
Интервју Макс. 20%
Вкупно 100%

 

Кандидатите ќе бидат тестирани по предметите Англиски јазик и Математика. Информации за материјалите и наставните содржини кои ќе се полагаат, ќе бидат објавени на веб страната www.ahss.edu.mk.

 

За кандидатите ќе биде одржана подготвителна настава во следниве термини:

Подготвителна настава по Математика 17 април 2024
Подготвителна настава по Англиски јазик 18 април 2024

 

Во табелата подолу се наведени датумите за полагање на тестовите:

Тест по Англиски јазик 22 април 2024
Тест по Математика 23 април 2024
Интервју 25 април 2024

 

Резултатите ќе бидат објавени на 26 април 2024 г.

 

Приговор по објавените резултати кандидатите ќе може да поднесат во рок од 3 дена од денот на објавување.

Добитникот на стипендијата, заедно со својот родител/старател, треба да потпише Договор за стипендирање најдоцна до 13.5.2024 година. Доколку договорот не се потпише до овој датум, стипендијата се доделува на следниот кандидат согласно остварените поени.

Уплатата на персоналниот данок за доделената стипендија е обврска на корисникот на стипендијата.

За подетални информации поврзани со конкурсот, Ве молиме контактирајте ја Гимназијата.

 

Американска гимназија Скопје
Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје
+389 2 2469 993
+ 389 78 455103
info@ahss.edu.mk
klimoska@uacs.edu.mk