ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВРАТИМЕ НА УЧИЛИШТЕ!

Како дел од подготовките за почетокот на новата учебна 2023/2024 година, во петок, на 1 септември, Американската гимназија Скопје ќе има Ден за ориентација за сите новопечени и префрлени ученици, со почеток во 10 часот.

За време на Ориентацијата, новите ученици ќе имаат можност да дознаат повеќе за училиштето и начинот на кој ќе биде организирано нашето образование. 1-ви септември ќе биде слободен ден за учениците од 2-ра, 3-та и 4-та година, кои ќе започнат со настава во понеделник, 4-ти септември, по распоредот што ќе го добијат во понеделник.

Возбудени сме што ги гледаме сите нови и стари лица и среќни сме што се враќаме на училиште!