• +389 2 2469 993
  • info@ahss.edu.mk

CALL FOR CHOOSING THE AHSS STUDENT OF THE GENERATION 2020/2024

Врз основа на член 3 од Правилникот за утврдување на критериумите и начинот на прогласување на ученик на генерацијата и за пофалување и наградување на учениците кои покажале исклучителни резултати во образовниот процес, Комисијата за пофалби и награди на ПСУ Американска Гимназија Скопје, на ден 25.04.2024 година распишува

 

 

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2020/2024

ПСУ АМЕРИКАНСКА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ

 

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Со цел истакнување на учениците кои покажале исклучителни резултати во образовниот процес во текот на сите четири учебни години, а во согласност со важечките интерни прописи, Американската Гимназија Скопје (АГС) прогласува ученик на генерацијата, за што распишува Конкурс за избор на ученик на генерацијата 2020/2024.

 

Повикот е отворен за сите ученици од 4-та година во Американската Гимназија Скопје.

Кандидат за ученик на генерацијата може да предложи класниот раководител, предметниот наставник и секој ученик кој смета дека самиот тој/таа или некој друг ученик ги исполнува условите наведени во критериумите за избор на ученик на генерација.

 

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

  • Пополнета пријава
  • Копии од општински, регионални, државни и меѓународни награди од натпревари
  • Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

 

Писмениот доказ за постигнат успех на крајот од секоја учебна година (свидетелства и Уверениja со оценки (Official Transcripts) за секој пријавен кандидат, го обезбедува комисијата по службена должност.

Пријавата, заедно со документите се доставува до комисијата, преку архивата на Гимназијата.  

Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 13.05.2024 година.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈА

 

Рангирањето на кандидатите ќе се врши согласно табелата подолу:

Критериуми Максимум %
Среден успех во сите години* 40
Редовност во настава 10
Учество на натпревари и освоени награди 20
Учество во ученичка заедница

–      Ученички совет

–      Паралелка

10
Учество во училишни (наставни и воннаставни) активности и манифестации предвидени во годишната програма на училиштето 20

 

* Кандидатите треба да имаат постигнато среден успех од 5.00 на крајот на учебната година, односно најмалку 97% од вкупниот број поени, и тоа во секоја од четирите години.

 

** Во случај кандидатот да има повеќе од 50 оправдани изостаноци за една година во текот на школувањето, при што изостаноците од болничките лекувања не се земаат предвид и/или повеќе од 7 неоправдани изостаноци за сите четири години, како и во случај  на кандидатот да му била изречена педагошка мерка по кој било основ во текот на сите четири години школување во Гимназијата или не го почитувал Кодексот за етичко однесување, истиот ќе биде дисквалификуван.

 

***Доколку повеќе кандидати од ранг листата имаат ист број на бодови, се земаат предвид работните оценки на кандидатите во текот на сите четири учебни години.

 

 

            Членови на Комисија:

Александра Кираца, претседател

Бојана Кузмановска Крстевска, член

Милош Андоновски, член