Општи правила и услови за користење
Добредојдовте на веб-страницата на ПСУ Американска гимназија Скопје. Со пристапување и користење на оваа страница, вие се согласувате сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со следните правила и услови*:
Општи одредби
Веб-страницата служи за информирање на учениците, родителите/старателите и пошироката јавност, како и за овозможување онлајн плаќање на школарина за учениците на Гимназијата (во понатамошниот текст: АГС).
АГС го задржува правото да ги менува овие услови без претходна најава, согласно позитивните законски и подзаконски прописи.
Права на корисниците – субјекти на лични податоци
Со овие правила и услови, ги информираме корисниците – субјекти на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на ПСУ Американска гимназија Скопје (во понатамошниот текст: АГС), согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и останатите позитивни прописи кои ја регулирааат оваа материја.
Како субјекти чии лични податоци се обработуваат од страна на АГС, имате право да бидете информирани за: идентитетот на контролорот и контакт податоци за истиот, контакт податоци на Офицерот за заштита на личите податоци, контакт податоци за одговорното лице за онлајн плаќања, целите и правната основа за обработка, легитимните интереси на АГС (ако се врши обработка согласно оваа правна основа), категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се обработуваат, корисници на кои личните податоци се даваат на користење, рокот на чување на личните податоци. Овие информации за остварување на правата на субјектите на лични податоци се објавена на веб-страницата на АГС во делот Политика за приватност.
Пристап и регистрација за корисници
За да станете Корисник, мора да ги исполнувате следните услови:
– задолжително да имате најмалку 14 години;
– задолжително да се пополнат бараните полиња од формуларот за регистрација барајќи лични податоци како што се корисничко име, адреса на е-пошта, телефонски број и лозинка;
– задолжително да се прифатат овие Услови за користење и договарање;
– задолжително да се прифати Политиката за приватност и заштита на податоците;
– задолжително да се прифати Политиката за колачиња.
Корисникот гарантира дека сите информации во врска со неговиот/нејзиниот идентитет и информациите испратени до АГС преку формуларите за апликација на веб-страницата се вистинити, точни и целосни. Покрај тоа, Корисникот се обврзува да ги ажурира неговите податоци. Доколку Корисникот обезбеди какви било лажни, неточни или нецелосни информации или ако АГС верува дека постојат разумни основи за сомневање во вистинитоста, точноста или интегритетот на таквите информации, АГС може да го одбие тековниот или иден пристап и употреба на Платформата или која било содржина и/или услуги од неа.
Сите податоци се строго доверливи, лични и не се пренесуваат. За да се зголеми безбедноста на сметката, АГС им препорачува на корисниците да не ги користат истите информации за најавување како на другите платформи. Доколку Корисникот ги користи истите информации за најавување како и на другите платформи, АГС нема да може да ја гарантира безбедноста на сметката или да гарантира дека Корисникот е единственото лице што се најавува на таа сметка. Корисниците се согласуваат дека нема да ги откриваат деталите за нивниот профил или да дозволат пристап до трети страни. Корисниците се единствено одговорни за секое користење на таквите податоци или услуги на веб-страницата од страна на трето лице, вклучувајќи изјави и/или содржини на веб-страницата или какви било други дејства извршени на веб-страницата под нивното корисничко име и/или лозинка. Корисникот е единствениот сопственик на содржината внесена на веб-страницата..
АГС не може да го гарантира идентитетот на регистрираните корисници и затоа нема да биде одговорна за користењето на идентитетот на регистрираниот корисник од нерегистрирани трети лица. Корисниците се обврзуваат веднаш да ја известат АГС преку каналите за комуникација обезбедени од АГС, доколку нивните податоци за најава се украдени, откриени или изгубени.
Креирање кориснички профил
За успешна регистрација на веб-страницата корисниците треба да внесат корисничко име, телефонски број, е-маил адреса и лозинка. По завршувањето на процесот на регистрација, сите Корисници можат да пристапат, да го комплетираат или уредуваат својот профил и/или да ја откажат регистрацијата, доколку сметаат дека е соодветно. Доплонителни информации кои корисниците можат да внесат се корисничко име, дополнителни адреси за достава, е-маил адреса, број на кредитна картичка (само во случај на онлајн плаќање). АГС не складира податоци за корисничките плаќања обработени и складирани од давателот на платежните услуги, како што е опишано во овие Општи правила и услови на користење и во Политиката за приватност.
Плаќање и надоместоци
Услугите што ги нуди АГС може да бидат предмет на надомест кој може да се плати онлајн преку платежна картичка или други достапни канали. Посетителите можат да се регистрираат или да користат гостински пристап за плаќање. При регистрација, потребно е да се внесат точни и комплетни информации. Корисникот е одговорен за доверливоста на своето корисничко име и лозинка.
Веб-страницата овозможува безбедно онлајн плаќање на школарина, преку следните платежни методи:
• Плаќање со кредитни и дебитни картички (Visa, Mastercard и други поддржани картички).
• Плаќањето може да се врши од Република Северна Македонија и од странство.
Сите трансакции се процесираат преку сертифициран платежен процесор на УНИ Банка АД Скопје, која ги обезбедува стандардите за безбедност и енкрипција, користејќи SSL енкрипција за заштита на трансакциските податоци.
Податоците од картичката (број, CVV код) не се чуваат од страна на АГС.
АГС не прибира, не обработува и не складира податоци поврзани со платежни картички. Целиот процес на внесување и валидација на податоците се извршува исклучиво преку безбедната платформа на банката.
Безбедноста на трансакцијата, автентикацијата на корисникот и одобрувањето на плаќањето се целосна одговорност на банката или платежниот процесор што ја врши услугата.
АГС нема одговорност за можни злоупотреби или штети настанати при користење на платежната услуга, кои произлегуваат од технички пропусти или безбедносни ризици на страната на банката/платежниот процесор.
Корисникот е должен да се грижи за точноста на податоците што ги внесува при плаќање и е одговорен за сите активности што произлегуваат од користење на сопствената платежна картичка.
Доколку сакате да се информирате детално за безбедносните системи за плаќање кои се во согласност со индустриските стандарди, Ве молиме да ги прочитате условите/ политиката на УНИ Банка АД Скопје.
По извршено плаќање, корисникот добива електронска потврда/фактура на својата е-маил адреса.
За сите прашања во врска со онлајн плаќањата, можете да контактирате:
Служба за финансии
Контак лице: Емилија Глигоријадис Апостолоска Е-пошта: [emilija.g.apostoloska@ahss.edu.mk] Телефон: [+38976488065]
Доколку плаќањето е извршено погрешно или во случај на техничка грешка, може да се поднесе Барање за поврат на средства. Во тој случај потребно е да се контактира горенаведеното одговорно лице од Службата за финансии во АГС.
Како Корисник, секогаш е потребно да користите силни, уникатни лозинки за сите сметки и двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна безбедност. Се препорачува редовно следење на трансакциите преку прегледување на банкарските извештаи и извештаите од кредитните картички за рано откривање неовластена или сомнителна активност.
При вршење онлајн трансакции, секогаш бирајте бебедна интернет конекција и избегнувајте вршење финансиски трансакции преку јавни Wi-Fi мрежи.
Чувајте ги вашите мобилни телефони и компјутери безбедни со силни лозинки, ПИН-кодови или биометриски брави.
Кражба или проневера на кредитна картичка
Бидејќи АГС не може да го гарантира идентитетот на регистрираните Корисници, Корисниците се обврзани да ја информираат АГС доколку имаат докази дека кредитната картичка поврзана со нивниот профил на АГС е украдена и/или злоупотребена од трето лице. Со оглед дека АГС и нејзината платежна платформа активно ги штитат Корисниците со примена на соодветни безбедносни мерки, но доколку Корисникот не ја извести АГС за картичката што недостасува, АГС нема да биде одговорна за каква било злоупотреба од трети лица на сметката на Корисникот.
АГС ги советува Корисниците да ја пријават во полиција секоја кражба, грабеж или сомнителна злоупотреба на нивната кредитна картичка. Доколку е потребно, АГС се обврзува да соработува со Корисникот и надлежните органи со цел да обезбеди веродостојни докази за лажни обвиненија. Во случај на измама, АГС го задржува правото да преземе било какви дејствија што може да бидат неопходни доколку е нанесена штета со злоупотребата на веб-страницата.
За онлајн плаќање со картичка, Корисникот мора да ги испрати информациите за картичката преку Платформата како начин на плаќање поврзан со неговата сметка. АГС не ги чува броевите на картичките на своите сервери Целосните податоци се зачувани на серверите на даватели на платежни услуги кои вршат плаќањата во име на АГС. Корисниците кои плаќаат со картичка нема да направат дополнителни трошоци при изборот на овој начин на плаќање. Податоците кои се потребни за внесување на картичката се следните: број на картичка,име и презиме, месец/година, CVV.
Линкови и содржина на трети лица
Веб-страната може да содржи линкови до веб-страни на трети лица за ваша погодност или дополнителни информации (“Линкови од трета страна”), како и содржина од трета страна, како што се слики, графики, документи и други видови медиуми („Содржина од трета страна”). Овие линкови или содржина од трета страна не подразбираат препорака или одобрување на поврзаните страници од наша страна. АГС нема контрола врз содржината, природата или достапноста на поврзаните веб-страници. Ние не сме одговорни по ниеден основ за Линковите од трета страна или Содржината од трета страна поврзана со нашата Веб страна. Вашата употреба на која било поврзана веб-страна и нејзината содржина е на ваш сопствен ризик, а АГС не е одговорна за какви било штети или загуби кои би можеле да произлезат од таквата употреба.
Обврски на Корисникот
Корисниците во потполност се одговорни за прописната употреба и пристапот во својот профил и другите содржини на веб-страницата во однос со позитивното законодавство, без разлика дали е меѓународно или национално, земјата од која се употребува веб-страницата, како и начелата на добра верба, морал, општоприфатени обичаи и јавниот ред и мир. Конкретно, се обврзуваат строго да се придржуваат до овие Општи правила и услови на користење. Корисниците се одговорни за точниот внес на своите поединечни кориснички имиња и лозинки кои мораат да бидат непреносливи и доволно сложени за да не се употребуваат исти кориснички имиња и лозинки како на другите платформи, а се со цел како би ја заштитиле својата сметка од лажна употреба од трета страна или било кој друг начин на оштетување, оневозможување, да влијаат на веб-страницата или на нејзината содржина и услуги. Освен тоа, забрането е пречење на нормална употреба или користење на веб-страницата во име на другите корисници.
Генерално, Корисникот се обврзува дека: ќе се воздржи од менувања или модифицирање на веб-страницатаа во целост или во дел, заобиколувајќи, оневозможување или на било кој друг начин мапулирајќи со нивните фунцкии или услуги; ќе се воздржува од кршења на индустриски права и интелектуална права на сопственост или Законот за заштита на лични податоци и сите подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја; ќе се воздржува од користење на веб-страницата поради навреди, клеветења, заплашување или вознемирување на други корисници или напад на нивниот личен углед; ќе се воздржува од пристапување на компјутерски е-маил пошти на други корисници; ќе се воздржува од воведување на компјутерски вируси, оштетување на датотеките или било кој друг софтвер кои може да предизвика штета или промена на содржината или системот на АГС или некоја трета страна; ќе се воздржува од испраќања масовни или повторувачки е-маил пораки на одреден број на личности или испраќање адреси на е-пошта од трета страна без нивна согласност; ќе се воздржи од огласувања на стока или услуги без претходна согласност од АГС.
Секој Корисник може да пријави друг корисник ако верува дека тој ги прекршил овие Општи услуви за користење. Во слична ситуација како оваа, било кој може да ја извести АГС за секоја злоупотреба или кршење на овие Услови преку образец за контакт. АГС ќе ги провери тие извештаи што е можно порано и ќе ги превземе сите чекори за кои смета дека се прикладни, задржувајќи го правото да отстранат и/или суспендираат било кој Корисник заради кршење на овие Општи услови на користење. Понатаму, АГС го задржува правото на отстранување и/или спречување на било кои пораки со незаконска или навредлива содржина без претходни предупредувања или дополнителни известувања.
Одговорност на ПСУ Американска гимназија Скопје
Корисниците се одговорни за постоење на потребните услуги и опрема за прегледување на Интернет и пристап до веб-страницата на АГС. Корисниците можат да ги пријават сите инциденти и потешкотии при пристапувањето на веб-страницата на АГС по пат на образец за контакт, а АГС ќе го анализира инцидентот и ќе му испрати упати на Корисникот како да го реши тој проблем што е можно побргу. АГС не ја контролира и не е одговорна за содржината која Корисниците ја пренеле преку веб-страницата, туку АГС нема да биде одговорна за никаков прекин на услугата, грешките во поврзувањето, недостапноста, грешките во пристапот во интернетот, прекин на интернетот или било кои други прашања кои не се под контрола на АГС. АГС не прифаќа никаква одговорност за никакви сигурносни грешки кои можат да се случат или било која друга штета која може да се случи во компјутерскиот систем на Корисникот (хардвер и софтвер), или на датотеките и документите кои се наоѓаат таму, присуството на вирус во компјутерскиот систем на Корисникот или во неговиот мобилен телефон кој се користи за поврзување со содржините и услигите на веб-страницата, неисправна работа на пребарувачот; користење на застарени верзии.
Одговорност за содржината АГС не го контролира (и не е обврзана да го контролира) начинот на кој Корисниците ја користат веб-страницата. Во тој случај не гарантира дека Корисниците ја користат веб-страницата во склад со овие Општи услови за користење или на внимателен и/или разборит начин. АГС не го проверува (и нема никаква обврска да го проверува) идентитетот на Корисникот и вистината, моменталната валидност и /или автентичност на податоците кои ги испратиле Корисниците.
АГС отфрла било каква одговорност за штети од било кој вид кои можат да настанат во текот на незаконските употреби на веб-страницата од страна на Корисникот или заради невистинити или информации кои веќе не се валидни, а кои Корисниците ги доставиле на другите Корисници, како и заради информации кои се непотполни и/или лажни, за било каква загуба или штета од било кој вид која може да настане заради лажното претставување на Корисникот како трета страна во било кој вид на комуникација преку веб-страницата. Без оглед на горе наведеното, АГС го задржува полното право потполно или делимично да го ограничи пристапот на одредени Корисници, како и да ги откаже, прекине, блокира, или оттргне одредени видови на содржини, со помош на соодветни технолошки алатки, ако стане свесна дека активностите или складираните податоци се незаконси или штетни за правото и сопственоста на третата страна. Во тој случај, АГС може да воспостави филтери кои се потребни за спречување на употреба да услугите за пренос на незаконска или штетна содржина на интернет. Кога некоја содржина на веб-страницата стане достапна, Корисниците и ги доделуваат сите права на користење на АГС кои произлегуваат од испратената содржина.
Забрането е користење на страницата за незаконски цели. Забранет е секој обид за неовластен пристап до системи или податоци.
Ажурирање и додатоци на платформата
АГС го задржува правото да ги промени Општите правила и услови за користење, Политиката за приватност и Политиката за колачиња во секое време и без претходна најава. Корисниците мора внимателно да ги прочитаат Општите правила и услови за користење, Политиката за приватност и Политиката за колачиња кога пристапуваат до платформата. Во секој случај, прифаќањето на Општите правила и услови за користење е важен чекор пред да пристапите до услугите и содржината достапни преку веб страницата на АГС. Дополнително, АГС го задржува правото да ги ажурира, менува или брише информациите содржани на веб-страницата во секое време и без претходно известување, со оглед на нивниот изглед, условите за презентација и пристап, без да прифати каква било одговорност во врска со ова. АГС не гарантира отсуство на какви било грешки или прекини при пристапот до веб-страницата или нејзината содржина или дека таа секогаш ќе се ажурира. Без оглед на горенаведеното, АГС, освен во околности што го отежнуваат или оневозможуваат, ќе ги преземе сите чекори за да ги исправи таквите грешки, да ја обнови комуникацијата и да ја ажурира содржината штом ќе стане свесна за грешки, недостапност или застарена содржина.
Интелектуална сопственост
АГС е сопственик или стекнувач на лиценцата на сите права на интелектуална и индустриска сопственост содржани на веб-страницта, како и на содржината до која може да се пристапи преку неа. Правата на интелектуална сопственост на веб-страницата, како и текстот, сликите, графичкиот дизајн, структурата на прелистување, информациите и содржината на неа се сопственост на АГС, која има ексклузивно право да ги користи овие права на кој било начин, особено правата на репродуцира, дистрибуира, објавува и менува, во согласност со законодавството за правата на интелектуална и индустриска сопственост. И покрај горенаведеното, АГС не може да биде сопственик или стекнувач на лиценца на содржини како што се името или сликите, меѓу другото, на компании со кои АГС нема деловен однос. Овластувањето доделено на Корисникот за пристап до веб-страницата не подразбира откажување, пренос, лиценцирање или целосно или делумно доделување на правата на интелектуална или индустриска сопственост од страна на АГС.
Забрането е бришење, заобиколување или манипулирање со содржината на веб-страницата на АГС. Дополнително, се забранува менување, копирање, повторна употреба, искористување, репродуцирање, објавување, создавање други или последователни публикации, прикачување датотеки, испраќање по пошта, пренесување, користење, обработка или дистрибуција на кој било начин целата или само дел од содржината содржана на веб-страницата за јавни или комерцијални цели, освен ако АГС дала изрично писмено овласување за тоа или доколку е применливо, од сопственикот на односните права. Секој Корисник кој споделува каква било содржина од кој било вид преку и кој тврди дека ги има потребните права да го стори тоа, ја ослободува АГС од каква било одговорност во однос на содржината и законитоста на дадените информации. Со обезбедување на содржина преку веб-страницата, Корисниците ја доделуваат на АГС, бесплатно и во најголема мерка дозволена со важечкиот закон, правата на користење и правата на интелектуална или индустриска сопственост што произлегуваат од таквата содржина.
Применливо право
Овие Услови за користење се регулирани и толкувани во согласност со законите на Република Северна Македонија. Секој спор што произлегува од или е поврзан со овие Услови ќе биде предмет на ексклузивна надлежност на судовите во Република Северна Македонија.
Ако некоја одредба или дел од одредба од овие Услови за користење се утврди дека е незаконска, неважечка или неприменлива, таа одредба или дел од одредбата се смета дека може да се оддели од овие Услови за користење и не влијае на валидноста и извршноста на останатите одредби.
*Доколку не сте согласни со овие Општи правила и услови за користене, тогаш употребата на веб страницата не е дозволена и истата треба да ja прекинете веднаш.