Политика за приватност
ПСУ Американска Гимназија Скопје (во понатамошниот текст: АГС) посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на Гимназијата. Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница www.ahss.edu.mk (во натамошниот текст: веб-страница) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога оставате свои податоци во неа.
Оваа Политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.42/2020; 294/2021 и 101/2025). Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци, законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница и/или користите било која од нашите административни услуги преку неа. Ние ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за извршување на нашите законски задачи и надлежности.
Контролор на збирките на лични податоци
Контролор на личните податоци е Американската гимназија Скопје (во понатамошниот текст: АГС), со седиште на бул. „III Македонска Бригада бр. 60“, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат согласно одредбите Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.42/2020; 294/2021 и 101/2025), како и останатите законски и подзаконски прописи кои ја регулираат оваа област.
Податоци кои се обрабoтуваат
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории лица:
Посетители на нашата веб-страница
https://ahss.edu.mk. Обично собираме навигациски податоци (видете подолу) кои се користат за анализа на посетите на нашата веб-страница, како и за одржување на безбедноста на информациите на нашата страница. Прочитајте повеќе за колачињата во нашата
Политика за колачиња.
Посетители кои имаат кориснички профил за вршење онлајн плаќања за користење на услугите на АГС: податоци за платецот, податоци за ученик/услуга за која се врши плаќањето, податоци за трансакцијата.
Апликанти и други физички лица во врска со поднесување апликации, барања, иницијативи итн. Овие формулари содржат информации за идентитетот на лицето кое поднесува барање, како и лични податоци за други лица вклучени во барањето кои се неопходни за постапување согласно нашите надлежности определени со Законот за заштита на личните податоци.
Навигациски податоци
Кога ја посетувате нашата веб-страница, на серверот се создаваат логови со следниве податоци за секој посетител:
IP адреса;
Уредот од кој пристапувате, тип и модел;
Оперативен систем;
Тип на прелистувач, додатоци и верзија;
Страниците што ги посетувате и времето поминато на секоја страница;
URL на страницата што ве упатила кај нас и во некои случаи, зборовите за пребарување што сте ги користеле;
Јазик на прелистувачот;
Држава (определена според IP адресата).
Логовите од серверот автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен ако околностите бараат подолго задржување (на пр. истрага на вирус или злонамерен напад).
Одржувањето на веб-страницата и серверите е доверено на надворешен сервис-провајдер, кој е обврзан да ги заштитува личните податоци во согласност со позитивните закони кои ја уредуваат оваа материја.
Податоци што корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци што ги собираме од вашата посета на нашата страница се оние што доброволно ги доставувате за конкретни цели наведени погоре.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци можат да се соберат на различни начини, зависно од тоа дали сте потенцијален или актуелен ученик, родител/старател, вработен, кандидат за вработување, изведувач/услугодавател, посетител или друго лице.
(ги опфаќа сите категории: ученици, родители/старатели, вработени, кандидати, добавувачи, лица што плаќаат преку веб-страницата, посетители).
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за Вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога ќе ни поставите прашање, при онлајн плаќање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. кориситиме колачиња за да разбереме како ја користите нашата страница), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци за одредена цел. Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние поедатоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
Податоците се обработуваат за да се обезбеди безбедна и грижлива средина за настава, учење и образовни цели, како и други поврзани цели.
Онлајн плаќања
При користење на услугата за онлајн плаќање преку нашата веб-страница, АГС ги прибира и обработува следниве категории лични податоци:
Податоци за платецот: име, презиме, е-маил адреса;
Податоци за ученик/услуга за која се врши плаќањето: име, презиме, година од образование, учебна година;
Податоци за трансакцијата: износ, датум на уплата, цел на уплата.
Овие податоци се обработуваат исклучиво за целите на извршување на финансиската трансакција, евиденција и исполнување на законските обврски согласно прописите за финансиско и сметководствено работење на Република Северна Македонија.
АГС не чува податоци за кредитни или дебитни картички. Трансакциите се обработуваат преку овластен платежен процесор на банка, кој е самостоен контролор на податоци и врши обработка согласно својата политика за приватност и соодветните законски прописи.
Податоците се чуваат за период пропишан со позитивните закони за сметководство и даночни регулативи во Република Северна Македонија.
Кориснички профил: Ако имате интеракција со нашите услуги, ви се дава можност да креирате профил на Страницата. Креирањето профил се заснова на ваша согласност. Можете да ја повлечете вашата согласност и/или да го избришете вашиот кориснички профил со контактирање Офицер за заштита на личните податоци.
Лични податоци кои се обработуваат во врска со вашиот кориснички профил се: податоци за контакт (број на телефон и е-маил адреса), име и презиме (доколку сте го навеле) и податоци за адреса .
По регистрацијата на веб – страницата, секој корисник добива своја мала страница на платформата. Корисникот пристапува на оваа страница користејќи лозинка и корисничко име, односно број на телефон. Бидејќи лозинката е шифрирана, важно е корисникот да не ја открие никому.
Одредени чувствителни информации се шифрирани со помош на технологијата Secure Socket Layer (SSL) со помош од Cloudflare, така што ние се стремиме да осигураме дека личните информации на нашите корисници се надвор од дофат на неовластена употреба.
Корисници на социјални мрежи и платформи: Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи вклучително апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, You Tube и сл. Содржината може да вклучува Ваше име и презиме, корисничко име и други лични податоци кои ги споделувате со нас на социјалните мрежи. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните прежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. За да дознаете повеќе како АГС ги добива вашите информации од социјалните мрежи, прочитајте ја Политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
Фотографии и видеа: Може да се користат нетаргетирани фотографии и видеа за едукативни, маркетинг или промотивни цели, засновано на легитимен интерес на АГС. За таргетирани фотографии/видеа (каде еден или повеќе лица се главен субјект) потребна е претходна согласност преку соодветна форма. Лицата имаат право да побараат престанок на обработка на својата слика во секое време.
Качување фотографии и видеа: АГС користи образовни апликации и онлајн ресурси, при што се применуваат највисоки стандарди за заштита на личните податоци. Качување на содржини се врши:
врз основа на легитимен интерес (маркетинг, промотивни материјали, веб-страници управувани од училиштето),
врз основа на договор за образовни услуги (создавање онлајн сметки, користење едукативни платформи),
врз основа на експлицитна согласност, кога е потребна.
Едукативни и спортски настани и пренос во живо: Значајни настани во рамки на училишниот календар, како што се матурски свечености, јавни настани или спортски и академски натпревари, може да вклучуваат пренос во живо. Кога овие настани се организирани од АГС, преносот во живо се врши преку нелистани или со лозинка заштитени онлајн ресурси како YouTube, Google Hangouts Meet или ZOOM.
Понатаму, кога изведувачки или спортски настани се одржуваат надвор од училиштето, истите може да бидат пренесувани во живо согласно условите договорени со надворешниот домаќин, кој тогаш се јавува како контролор на податоците.
Маркетинг: Ги обработуваме личните податоци на корисниците за да можеме да им испраќаме (персонализирани) маркетинг пораки и нотификации. Ваквите пораки вклучуваат најнови вести за АГС, по електронска пошта или пуш-нотификации, без оглед на форматот кој го користиме за споделување на вакви видови пораки.
За маркетинг цели ги обработуваме следните лични податоци: корисничко име (доколку е наведено од страна на корисникот), податоци за контакт (број на телефон и е-маил адреса), податоци за адреса, податоци за трансакција и ID на уред.
Споделување со други: АГС може да работи со трети страни со цел да се изврши обработката опишана погоре и/или да се усогласи со законските обврски. Овие трети страни ќе ги обработуваат Вашите лични податоци во наше име (како обработувачи на податоци) или како автономни контролори на податоци и ќе имаат пристап до Вашите лични податоци за целите опишани во ова политика за приватност. Бараме од третите страни да ги заштитат Вашите лични податоци во согласност со стандардите наведени во ова политика за приватност и преземаме соодветни мерки во согласност со важечкиот закон за заштита на податоците за да гарантираме исто ниво на заштита и доверливост. Ние, ќе ги споделиме Вашите податоци со други контролори на податоци од трета страна, онаму каде што е соодветно, тоа го бара важечкиот Закон, регулатива (вклучувајќи судски налог) или кога веруваме дека откривањето е неопходно за усогласување со законските обврски, за остварување, воспоставување или одбрана на законските права. Таквите контролори од трета страна може да вклучуваат агенции за спроведување на законот. Вашите лични податоци може да се споделат со следните страни: провајдери на софтвер, партнери за имплементација (даватели на лиценца), даватели на услуги за плаќање и картички, професионални советници, спроведување на законот, регулаторни тела и/или владини агенции, потенцијални купувачи.
Време на чување на собраните податоци: Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. АГС чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани. Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци се додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку поднесете основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме Вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
Кои се вашите права? Вашите права во врска со обработката на личните податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
право на пристап до лични податоци;
право на исправка и бришење на лични податоци;
право на ограничување на обработката на лични податоци;
право на приговор;
право на поднесување претставка (право да го оспорите начинот на кој АГС врши обработка на вашите лични податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, со адреса: бул. „Гоце Делчев“ 18 (зградата на Македонска Радио Телевизија – 14 кат, Поштенско сандаче 417, 1000 Скопје).
Право да не бидете предмет на автоматско донесување на поединечни одлуки вклучувајќи и профилирање.
Може да има случаи кога нема да сакате да обработуваме или споделуваме ваши лични податоци. Во такви ситуации, можеби нема да можеме да ја извршиме услугата што ја барате, или ќе можеме да ја извршиме ограничено, или да склучиме договор за вработување или договор за услуги со вас, или да постапиме по законска обврска. Во тие случаи, нема да можеме да постапиме по вашето барање и ќе ве информираме доколку тоа се случи.
На Ваше барање, АГС има обврска да Ве информира кои податоци ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.
Начин на достава на барањето
За остварување на правата наведени погоре, можете да поднесете соодветно барање. Соодветното барање може да се поднесе на повеќе начини:
а) Во печатена форма со пополнување на соодветното барање и негово доставување лично или по пошта во плик со назнака за каков вид на Барање станува збор до ПСУ Американска гимназија Скопје, на адреса бул. 3-та Македонска бригада бр.60, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со посебна назнака „до Офицерот за заштита на лични податоци” и/или
б) Во електронска форма, со пополнување на соодветното барање и негово доставување на мејл адресата на Офицерот за заштита на лични податоци: nakova@ahss.edu.mk.
Барањето треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано.
Барањето испратено до АГС, задолжително треба да ги содржи следните податоци:
• Ваша идентификација – целосно име и презиме
• Контакт информации за повратна информација: адреса, телефон, електронска пошта
• Образложение и основ за барањето
• Доколку е назначено во самото барање, потврда за Ваша идентификација
Постапување по барањето
Одговорно лице за постапување по однос на Вашето барање е Офицерот за заштита на лични податоци. По прием на барањето, истото се заведува во регистарот на примени барања и се пристапува кон негово разгледување. Доколку Офицерот за заштита на лични податоци има основано сомневање во врска со Вашиот идентитет, како подносител на барањето, може да побара да доставите дополнителни информации со цел потврдување на идентитетот. Доколку Вашиот идентитет се потврди, се пристапува кон проценка на основаноста на барањето. Доколку, и покрај доставувањето на дополнителни информации, Вашиот идентитет не може да биде утврден, барањето се одбива со доставување на образложение. Офицерот за заштита на податоците има право да Ви побара дополнителни документи или информации со цел остварување на Вашето право. Информацијата која што ќе Ви биде испратена во писмена, односно електронска форма, ќе биде во форма на известување по однос на барањето, со кое што ќе бидете информирани за активностите преземени од страна на АГС, заклучокот и поуката за понатамошно постапување. Доколку Вашето барање биде одбиено, во известувањето ќе бидат наведени причините за неможноста за остварување на правото, заклучокот и поуката за понатамошно постапување. Известувањата ќе бидат испратени до Вас во писмена, односно електронска форма каде што е можно, освен ако побарате поинаку.
Рокови на постапување по барањето
АГС е должна да Ви достави информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај согласно законски определените рокови, во рок од 1 месец, односно најдоцна во рок од 3 месеци во случај на комплексност на барањето. АГС ќе Ве информира за секое продолжување на рокот, во рок од еден (1) месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето. Доколку АГС не преземе активности по Вашето барање во рок од еден месец од приемот на барањето, АГС има обврска да Ве извести за причините за непреземање на активности и за можноста да поднесете барање до АЗЛП, како и за можноста за користење на судска заштита. Согласно законот за заштита на лични податоци, обезбедувањето на потребните информации во поглед на Вашето барање се овозможуваат без надоместок. Во исклучителни ситуации, доколку АГС процени дека Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, особено заради повторувачкиот карактер, АГС може да Ви наплати надоместок, за што ќе Ве информира, имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето. АГС има право да го одбие Вашето барање, доколку не се согласите да го платите побараниот надомест потребен за да се преземат соодветните активности.
Со доставувањето на потребното известување од страна на АГС до Вас, се смета дека барањето е затворено.
Офицер за приватност на АГС и контакт
За дополнителни информации и/или за остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да се обратите до нашиот службеник за заштита на личните податоци, Сандра Накова, на следната е-пошта: klimoska@uacs.edu.mk.
Барањето може да се поднесе преку нашата веб-страница или на било кој начин преку контакт информациите објавени во делот контакт.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува согласно промените и нашите активности.