Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година Врз основа на член 58 од Статутот на ПСУ Американска Гимназија Скопје, Управниот одбор на ПСУ Американска Гимназија Скопје, на својатa 5-та седница, одржана на ден 21.05.2018 година, го донесе следниот КОДЕКС ЗА ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ на учениците, наставниот и административниот кадар во ПСУ Американска Гимназија Скопjе Член 1 Водејки се според Мисијата и Целта на Американска Гимназија Скопје за подготовка на учениците за усвојување на знаења и развивање на способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високо-образовни институции, ПСУ Американска Гимназија Скопје верува во изградување на младите личности во зрели луѓе, способни да запловат во современото глобално општество и да се усовршат за употреба на современите наставни методи, техники и средства и да ги развиваат своите индивидуални физички и интелектуални способности и размислувања за време на посетувањето на наставниот процес. Посветени на тоа да ја поддржуваат нејзината мисија, да го штитат нејзиниот углед и да ги почитуваат највисоките стандарди на однесување, интегритет и правичност, учениците, наставниот кадар и вработените во администрацијата на Американската Гимназија Скопје (во понатамошниот текст: Гимназијата), како и родителите на учениците, со ова, се обврзуваат дека ги прифаќаат и почитуваат следните правила и принципи кои се уредени со овој Кодекс на етичко однесување. I. ОПШТИ ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ Секој ученик, наставник или вработен во администрацијата е должен да учи, работи, односно постапува согласно општите и поединечните акти донесени од Гимназијата, политиките и процедурите што Гимназијата дополнително ќе ги донесе, како и да постапува согласно позитивните норми и релевантните закони и прописи. Секој ученик, наставник или вработен во администрацијата е должен чесно да постапува и во најдобар интерес на учениците, Гимназијата, како и општата јавност. Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година Учениците, наставниците и вработените во администрација треба да се почитуваат меѓусебно, да постапуваат во духот на толеранцијата и да се воздржат од било каква активност со која би можело да им се наштети на угледот и интегритетот на Гимназијата. Секој ученик, наставник или вработен во администрацијата е должен своите обврски, должности и овластувања во работењето, односно учењето да ги извршува и спроведува навремено, темелно и најдобро што може. Политика на Гимназијата е да се забрани, обесхрабри и казни секаква форма на несоодветно однесување и вознемирување на работното место или во улилниците и училишните простории, вклучително, но не ограничувајки се на сексуално вознемирување или сексуално навредливо однесување, вознемирување врз основа на раса, етничко или национално вознемирување, јазик, религија, пол или физичка или психичка попреченост. Секој ученик, наставник или вработен во администрација треба да се однесува со почит кон другите, да избегнува и да препознава дискриминаторно однесување и истото да го спречи и да го пријави. Секое дискриминаторно дело врз однова на пол, раса, боја на кожа, религија, сексуална ориентација, национална или етничка припадност, потекло, статус, како и користење на јазик, хумор или материјали кои создаваат навредлива содржина, се санкционираат согласно позитивните правила и прописи и актите донесени од страна на Гимназијата. Секој ученик, наставник или вработен во администрацијата, во секојдневните интеракции, треба да дозволи соговорникот слободно да се изрази, да го слуша внимателно, да возвратува одмерено, никогаш да не се однесува супериорно, без почит. Разликите во мислењата и недоразбирањата што може да се јават во коминкацијата со другите, треба да се решат со добра волја, мирно, правично и трпеливо. II. УЧЕНИЦИ Бидејки претставуваат движечка сила во Гимназијата, учениците треба одговорно и достоинствено да се однесуваат во и надвор од неа, како и да ги почитуваат одредените правила кои се предвидени во овој Кодекс на однесување, како и во други акти. Со почитување на истите, учениците допринесуваат до создавање на една пријатна атмосфера за работа и остварување и совладување на сите предизвици кои наставниот процес ги создава. Учениците треба да се охрабрат да ги развиваат своите способности за пишување, за читање, како и за критичко размислување. Со цел на остварување на успешен наставен процес, учениците треба да се придржуваат кон следните правила: – Учениците доаѓаат на училиште минимум 5 минути пред почетокот на класниот час, со што имаат доволно време за да се подготват за почетокот, да се обезбедат со потребните материјали и да влезат во училницата во која се одржува првиот час; Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година – Користење на мобилен телефон за време на одржување на часовите, за време на одржување на испит или на дополнителна настава, не е дозволено и секоја негова злоупотреба се казнува; – Учениците се грижат за хигиената во Гимназијата, во училниците и училишните простории, при што внимаваат да не внесуваат храна во училниците или во шкавчињата; – Секој ученик има право да ги користи компјутерските и останатите помагала кои се овозможени од Гимназијата за полесно изведување на наставата, но е должен со особено внимание и грижа да внимава на истите и за секое нивно оштетување, одговара пропорционално со настанатата штета; – Учениците треба да бидат дисциплинирани за време на одржување на часот, активно да земат учество во дискусиите кои се развиваат и да бидат дисциплинирани; – Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставниците и административниот кадар, како и да градат и развиваат позитивни и коректни односи со своите соученици; – На учениците им се дозволува да ја изразат својата индивидуалност преку начинот на облекување, но тоа треба да виде во рамките на пристојното и културното однесување; – Учениците се должни да го почитуваат овој Кодекс на однесување како и другите Правилници, норми, законски и подзаконски акти кои го регулираат начинот на однесување и постапување на учениците; – Секое непочитувања на одредбите на овој Кодекс, како и на одредбите на другите законски или подзаконски акти, предвидува санкции кои се уредени со посебен правилник. III. ОСНОВНИ НАЧЕЛА Објективност Наставниот кадар и вработените во администрацијата треба да бидат објективни при донесување на решенија и одлуки важни како за Гимназијата, така и за учениците, неводејки се од одредени предрасуди, пристрасност, економско/социјален статус и сл. Ефикасност Членовите на наставниот и административниот кадар треба навремено и организирано да ги извршуваат своите работни задачи и посебно да се посветат на оние кои се итни и имаат приоритет. При тоа, вработениот во Гимназијата треба точно, брзо и ефикасно, секогаш кога за тоа има услови и во најкратко можно време, да одговара на пораките кои ги добива од Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година неговите претпоставени, колеги или родители/ученици, по било кој медиум (телефон, смс, имејл). Доверливост Членовите на наставниот и административниот кадар се обврзуваат да се придржуваат на следните правила: – Да се почитува доверливоста на материјалите/информациите; – Да не се искористуваат документи/информации за други цели, освен за оние за кои се наменети од Гимназијата; – Да се чуваат документи/материјали на места кои се недостапни за надворешни и неовластени лица; – Старите документи, особено оние постари од 10 години, кои се архивирани, се уништуваат на посебно определено место и начин. Избегнување на конфликт на интереси Поради избегнување конфликт на интереси членовите на наставниот и административниот кадар, во одредени случаи може да поднесат пријава за конфликт на интереси до директниот претпоставен или да се повлечат од процес на донесување одлуки и/или активности, и тоа: – Во случај кога ученикот кој се оценува е близок роднина, дете на блиски пријатели; – Ученикот учествува во активности спротивни на интересите на Гимназијата; – Остварува материјална или друга корист преку деловни контакти со претпријатија и лица со кои соработува Гимназијата, а е поврзан преку заеднички активности (екскурзии и слично); – За стекнување на материјална и друга корист ќе се смета и доколку брачниот другар или неговите деца се инволвирани со активности кои се поврзани со Гимназијата, а вработениот ги извршува. Забрана за примање подароци Ниеден член на наставниот или административниот кадар не смее, директно или индиректно, да бара или да прима, ниту да се обиде да бара или прима подароци, услуги или други вредни нешта од трето лице, со цел тоа лице да добие привилегиран третман во било кој поглед, за него/неа или за други лица. Подарок предаден на брачниот другар или на децата на вработениот или на друго лице, преку кои вработениот индиректно го примил подарокот, ќе се смета како подарок даден на вработениот, ако подарокот е на било каков начин поврзан со извршувањето на работните должности на вработениот. Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година Купени стоки ќе се сметаат како подароци ако куповната цена е значително пониска отколку пазарната цена. Секој член на академскиот кадар или на администрацијата треба да одбие каков било понуден подарок, освен во случаи кога подарокот е: даден јавно има симболична вредност во кој случај, подарокот се смета како сопственост на Гимназијата и треба да се чува во просториите и да се користи за целите на Гимназијата. Унифицирано јавно појавување Членовите на наставничкиот и административниот кадар може да се ангажираат во професионални, интересни, добротворни и други активности доколку не попречуваат во извршување на секојдневни активности и не се во конфликт на интерес со Гимназијата. Членовите на наставничкиот и административниот кадар може да се ангажираат во политички активности и давање на изјави/коментари кои недвосмислено и транспарентно треба да се објават како нивни лични ставови или унијата/партијата која ја претствауваат, а никогаш како ставови на Гимназијата, ниту пак Гимназијата треба да се третира и споменува како вработениот кој поттикнува и искажува такви мислења, ставови или идеи. Ставот 2 од овој член се однесува и кога: вработениот е член на трговска група или Асоцијација и доколку објавите се вршат на социјални мрежи, масовни или печатени медиуми. Со тоа се разграничуваат официјалните ставови на Гимназијата и поединецот кој стои зад тие објави и се негови лични. Доколу вработениот јавно ја претставува Гимназијата, на било кој масовен медиум (електронски или печатени медиуми и социјални мрежи), тој е должен: да добие претходно одобрение од Директорот на Гимназијата и информациите кои ги пренесува да се согласно Статутот и правилниците на Гимназијата, односно официјалната политика на Гимназијата. Доколку вработениот треба да има јавно учество на јавни настани од политички цели, забавен карактер, а е вклучен исклучително како приватно лице, должен е да побара одобрение од Директорот на Гимназијата, со цел намалување на можноста за поврзување на официјалните ставови на Гимназијата со ставовите на вработениот. Лојална конкуренција Сите вработени и соработници во Гимназијата се должни да даваат точни информации за работењето на Гимназијата, да не даваат погрешни информации за услугите кои се нудат, како на заинтересираните странки, така и на сопствениците и менаџментот. Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година Истите се должни да водат сметка да не го намалат и нарушат угледот и дигнитетот на Гимназијата, особено во комуникација со институции и ентитети кои реално претставауваат конкуренција во однос на Гимназијата. IV. НАСТАВЕН КАДАР Највисок императив во професионалното работење и однесување на наставниците и стручните соработници претставува образованието и воспитувањето на учениците. Наставниците и стручните соработници во Гимназијата (наставниот кадар), се поттикнуваат постојано да го унапредуваат и збогатуваат своето знаење, кое тие го остваруваат и пренесуваат на учениците. Наставниот кадар треба да биде ефективен во остварување на своите цели, да посветува доволно време и енергија за подобрување на сопствената научна и едукативна компетенција, да се посвети на својот професионален развој со цел на негово проширување и продлабочување во континуитет, преку посетување и активно учество во разни активности и програми. Гимназијата поддржува секакво ангажирање во професионални и академски иницијативи и активности, изработка или коавторство на текстови, трудови, анализа, статистика, проучувања, извештаи, проекти со цел унапредување на знаењето и професионално развивање на наставниците. Наставниците и стручните соработници треба да придонесуваат за развивање на наставниот план и програма, да посетуваат обуки, да бидат присутни на состаноци на комисии, на свечени церемонии и слични активности. Наставниците и стручните соработници се охрабруваат да учествуваат на генералните состаноци во Гимназијата, како и на интерните обуки кои се со цел добивање најнови информации за праксата, политиката и правилата во Гимназијата, заради подобрување на квалитетот на наставата и унапредувањето на учењето. Учеството на наставниците и стручните соработници на предавања на гости предавачи, учеството на говори, конференции и слични манифестации кои се одржуваат во или надвор од Гимназијата, придонесуваат за зголемена соработка меѓу наставниците, како и за размена на знаење, идеи и мислења меѓу истите. При одржување на предавања надвор од Гимназијата, наставникот е должен своите редовни обврски да не ги запостави, доколку е потребно, да најде соодветна замена и сите обврски во однос на предметот да бидат извршени навремено, точно и без доцнење. Со цел непречено функционирање како заедница во Гимназијата, наставниот кадар и стручните соработници треба да функционираат во духот на колегијалноста и тимската работа. Секој наставник или стручен соработник е должен да сподели информации со својот колега, во врска со начинот на одвивање на наставата и други информации поврзани со наставниот процес Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година При размена на мислења, сугестии или критики, наставниците треба да се однесуваат со почит и колегијалност, не навредувајки ја личноста по било кој основ, при тоа настапувајки со позитивен и нетенденциозен начин. Наставен кадар и ученици Водејки се според Мисијата на Гимназијата, а со цел поттикнување на знаењето на учениците, наставниците и стручните соработници треба да покажат почит кон секој ученик, како и непристрасност во однесувањето кон учениците и кон своите колеги. Секој наставник или стручен соработник, пред се, ја има улогата на предавач, и по потреба советник, во одредени случи, кога не е потребна поголема ангажираност на педагог/психолог. Комуникацијата помеѓу наставниците и учениците се одвива на што е можно попрофесионален начин, но со можност наставниците најдобро и најбрзо да одговорат на ученичките молби, прашања или приговори. Наставниците кои се одговорни за одделенија (класните раководители), како и останатите наставници и стручни соработници, при еднодневни или повеќедневни екскурзии, се целосно одговорни за учениците и нивната добробит. Состаноците кои се одржуваат со ученици од спротивен пол, треба да се одржат во присуство на класен раководител или друго лице, на јавно место, или во просторија (канцеларија) со отворена врата. Се забранува одржување на испит на кој се присутни само еден наставник и само еден ученик, независно од полот. Наставниците и стручните соработници се должни навремено да ги информираат учениците за потребните материјали и технички помагала кои би им биле неопходни во процесот на изведување на наставата, како и да ги известат за потребната дополнителна (стручна) литература. Навременото започнување на часот, водењето на евиденција за присутните и отсутните ученици, како и дневната подготовка на часот, се задолжителни за наставниците и стручните соработници и се клучни за создавање позитивна, поттикнувачка и опуштена работна атмосфера. Наставниците и стручните соработници се обврзуваат да ги почитуваат сите одредби од овој Кодекс, како и сите акти донесени од Гимназијата, а кои го регулираат односот помеѓу наставниците и учениците. V. РОДИТЕЛИ Родителите на учениците се, исто така, должни да го почитуваат Кодексот на однесување како и останатите акти на Гимназијата, кои се однесуваат на учениците и изведувањето на наставата. Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година Родителите пред се, треба да ја почитуваат и ценат работата на наставниците и стручните соработници, како и целокупната работа на Гимназијата, да имаат коректен однос како спрема наставниците, така и кон останатите вработени и другите родители. Родителите треба да поттикнат и да допринесат за развивање на фер однос на ученикот/чката кон наставниците или кон неговите соученици, како и да ја поттикнат мотивацијата за совладување на материјалот предвиден со наставната програма. Родителите се должни редовно да се информираат за успехот и дисиплината на своите деца, како на редовните и задолжителни родителски средби, така и на поединечни, индивидуални, претходно закажани средби. Секое отсуство на ученокот се евидентира, а за истото родителите задолжително доставуваат оправдување во писмена форма или медицинска белешка. Отсуството се оправдува најдоцна три дена по направениот изостанок. Родителите се должни, сите трошоци кои би произлегле со организирање на еднодневни или повеќеневни екскурзии, со организирање на превоз од и до училиштето, трошоците за оброк, за униформа и сите останати трошоци кои би произлегле при изведувањето на наставата, да ги подмируваат навремено и во предвидениот рок. Во случај на изрекување на педагошка мерка на ученик, родителот е должен да соработува со педагошката служба и да го почитува изрекувањето на педагошката мерка. Правила за облекување на Гимназијата Во врска со овој Етички кодекс, се очекува сите вработени во Гимназијата да бидат облечени во согласност со принципите на професионално облекување какво што и доликува на образовната средина во која работат. Вработените на Гимназијата кои имаат директен контакт со учениците, нивните родители и другите заинтересирани страни, се очекува да бидат формални во своето облекување (Business formal). Професионалната работна облека се состои од четири дела и тоа: – Сако, панталони (или здолниште) во црна или темно сина (тегет) боја, бела кошула (памучна или свилена) и црвена марама или вратоврска за припадничките на женскиот пол и – Сако и панталони во црна или темно сина (тегет) боја, бела кошула и црвена вратоврска за припадниците на машкиот пол Доколку вработениот не се чувствува комфорно во сако, доволно е да носи само кошула. За сите вработени во администрација, задолжително е носење на беџ за идентификација (ID) додека се на работното место. Наставниот кадар на Универзитетот е слободен во изборот на облеката која се носи за време на наставата, консултациите и другите наставнички активности. Во согласност со овој Етички кодекс на Гимназијата, се очекува наставниот кадар да претставува пример за соодветно професионално облекување на учениците во секое Арх.бр. 02-17/7 од 21.05.2018 година време. Во таа насока, се очекува сите наставници и соработници да бидат облечени во професионална облека (Business casual). За припадниците на машкиот пол е вообичаено да носат палто за време на наставата. Носење на вратоврска не се смета за задолжително. За припадниците на женскиот пол изборот на панталони или здолниште е слободен, но акцентот во секој од случаите треба да биде ставен на професионалниот изглед. Носењето фармерки (џинс) не е дозволено при вршење на наставата, независно за кој ден од седмицата станува збор. VI ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Во случај на непочитување на одредбите на овој Кодекс на однесување, Директорот на гимназијата ќе формира Етичка комисија, која ќе одлучува и ќе постапува согласно овој Кодекс и останатите правилници, законски и подзаконски акти. Кодексот да се достави до директорот на Гимназијата, членовите на Наставничкиот совет, генералниот секретар, академскиот координатор, раководителот на администрација и стручна служба и архивата на Училиштето. ПСУ Американска Гимназија Скопје Престедател на Управен одбор _______________________________ Венера Крлиу Ханџиски